Сонетен венец

Франце Прешерен

IНов, за Словенецот, поетот венец плете,тој сплет е од петнаесет сонети,та „магистралот“ на крај што ќе се сретискладностите на сите нив ги сплете.

Од него извира, во него пак е, ете,во секој сонет стих од него чети;и секој краен стих, стих првен ќе ти ветина сонет нов. Поетот таков сплет е.

Сал една љубов мислите ги рои,кај да е потем потем тие ноќ да спале,се будат, зората штом плисне лачи свои.

На мнојот живот ти си магистралешто мене за о смртта ми го дале;ал-спомен е на рани мои, на фалби твои.

II

Ал-спомен е на рани мои, на фалби твоишто на Словенецот се гласи во час заден,штом мов ми нарасне гробот ладени стивнат еднаш сите болки мои,

Па, сека мома начулено што стоисо слух, за мојте песни гладен,од срца низа окови ќе дадеза да ги цени појќе сите чувства свои.

За Крањецот дни посветли ќе бидат,над сводот ѕвезда нова тој ќе брои,ќе екнат звуците на песна идна.

Но, можеби и песната ќе остане да стои,бидејќи, таа поезија свиднајас знам, од срце ’ркулците ги двои.

III

Јас знам, од срцето ’ркулците ги двои,ко болката што гори во сека пора;сум слилен на поетот, кој ЛенораЕстијанка, ја опеал со фалби свои.

И макар молк врз усниве да стои,ја смрачи љубов мојта прва зора;за надежта немајќи ниту два-три збораво песни јас ги реков сите тајни мои.

И нема желбата разгорена да стивне,па, ако сум безнадежник, без поглед ветен;од уплав јазикот во уста ни да живне.

Горчината во срцето што гнетесо сите тајни ќе ги рече, вивнеумилното поетско, росно цвете.

IV

Умилното поетско, росно цветего сочи тоа в гради што се свива -ми стана срцето лаг зелен, плодна нива,кај љубовта елегии си плете.

Ти сонце си му. Туку што ме сметета не те најдов лачу, желбо живав театар, - дали судбата е крива -па, ни на танц, на шедба, каде сиот свет е!

Поначесто низ град со копнеж шетамза те видам , но ти си поштук, ете,па, попусто се мачам да те сретам.

В самотија сум расплакан ко дете,и венецов што в твоја чест го плетамлист не разви во кат кај сонцето на свет е.

....................................................................

VI

Исчекувајќи везден повеј да ги пои,од тебе, драга, бездруго ќе морада релам: не чув ниту два-три збораво пофалба на тие песни мои.

што трпнеа од оние Слоенки, коико тебе, љубеа на германски да зборат.бидејќи Парнас мој е сека наша гора,да не би презир ваш над нив да стои.

Домашните пак музи забрава ги зали,тагуваат осамени, еџ кутри мои,та Крањецот сал туѓото го фали.

Но, цветов што в поезија се брои,што уште в гори снежен здив го гали,јадовите, сред неми спили стои.

VII

Јадовите сред неми спили стои,без глас, без моќ, ко в она време, когапри Хем и Родоп Тракијците до ногаОрфеј ги срази со песна, како воин.

Ех, кај се, Боже, милостите твои,на Крањ синовите ти да ги видиш тогаш,и со нив сите Словенци, во слога,со наш Орфеј и многу песни свои.

Да ни ги стори срцата за домот грижни,размирите за миг сал да ги сметеи сите Словенци кон единство да ги движи.

Сред таа сласт што песните ги плете,да стивне спорот, оти зора ближиа виор лут родината ја гнете!

VIII

А виор лут родината ја гнетеод кога, Само, твојот дух го снемаи твојот гроб забравата го земаод твојте внуци, да го корне ветер.

Татковци ни во кавги чмаат, ете,од кога Пипин слобода ни зема,од тогаш, пак, без буна ни година нема;при Витовец, при секој турски метеж.

Но, времето на среќа, слава, мина.За вредни дела малку кој ли знае.И гласот сладок на песните згина.

Па, сето што се сочува, што трае,на Парнас наш што развива, јас чинампригушено во воздишки и солзи чмае.

IX

Пригушено во воздишки и солзи чмаеод мојот Парнас, ова цвете мало,што врели солзи од љубовта ти збралои за родината на таи љубов знае.

Сè мислам како Словенецот да екон мајка си во својта љубов јалови твоето пак срце ни трошка не ѝ далона душава ветување, та надеж да ја сјае.

Се родија во мене желби тајни:со твојто име моево се сплелосе гласат песни домашни и знајни,

Словенците се впрегнале на дело,кон среќата, кон дбите идни, сјајни...Разјадено од болки е, та затоа и свело.

....................................................................

....................................................................

XII

Молченката ќе венее ли време целои слабечко и ретко ќе се свива -крај ѕидот урнат запустено ќе бива,но, сепак, в лас ќе никне, тоа свело.

на кого жарка коприва му суши тело,и го пригушува во корен треба дива;го пресади ли некој в цветна нивавеселнички ќе крене тогаш чело.

Крај тебе така немаше да свене,на твојто сонце лачот да ја сјаело, кралице, знај, сека песка в мене.

Ти ако сакаш цветево да траеи глаа развеселено да крене,испрати му со поглед лачи, па ќе знае!

....................................................................

XIV

Цвет нов порадосно да никне и да треа,ко секој цвет што мине зима лудаи пролетта ги сипе својте чуданиз поле, како волшебница да е,

и пчелите ги викне зракот сјаен,и овчар подрани на вршка руда,и в сладок пој славеите се будат...Ек, радост, радост! Кој број ќе ѝ знае!

Знам дека не сум, дека не сум среќен!Страв дека песниве се здодевни, о, дете,во себе кријам, долго, долго, веќе.

Дај нека твоја милост бар ги четесал песниве од кои како цветенов, за Словенецот, поетот венец плете.

Магистрал

Нов, за Совенецот, поетот венец плете,Ал-спомен е на рани, мој, на фалби твои.Јас знам, од срцето 'ркулците ги двоиУмилното поетско, росно цвете.

Лист не разви во кат, кај сонцето на свет е,Искачувајќи везден повеј да го пои,Јадовито, сред неми спили стоиА виор лут родината ја гнете.

Пригушено во воздишки и солзи чмае,Разјадено до болки е, та затоа и свелоИ време зло од силите му зело.

Молченката ќе внесе ли време цело!Испрати му со поглед лачи, па ќе знаеЦвет нов порадосно да никне и да трае.

--- Франце Прешерен

Comments

Loading comments…